| четврток, 6 декември 2018 |

Пролет во февруари: дали е тоа здраво?

Температурата на воздухот е значително над просекот за ова доба на годината. Меѓутоа, пред само неколку дена паѓаше снег. Како тие промени влијаат врз нашето здравје?

lepo-vreme-mondo-stefan-stojanovic-27

Наглите  климатски промени зачестија и на нашето поднебје, а најчесто се следени со проследени со извештаи од Брза помош кои кажуваат дека поради разликите во температурата на воздухот имало голем број на интервенции кај срцево заболените, дека психички лабилните лица се повознемирени од инаку, дека астматичарите имаат најмногу тегоби.

Науката докажа дека ниту физички ниту физичките здрави лица не се имуни на промените кои се случуваат во атмосферата.

16-signali-deka-imate-migrena-01

Главоболки, несоница, вознемиреност, чувство на умор се најчестите проблеми кои се случуваат поради нагли промени на времето.

Во зависност од влијанието на времето, постојат 13 групи на заболени кои се прилично чувствителни на временските прилики, меѓу кои се ревматичарите,  астматичарите, срцево заболените (ангина пекторис, висок крвен притисок), оние кои имаат чир на дванаесетпалачното црево и желудник , пациенти кои страдаат од различни психички тегоби, пред се психоза.

Според зборовите на експертите, астматичарите чувствуваат и реагираат во период од 48 часа пред да дојде до нагла промена на температурата и затоа е добро да се знае биопрогнозата, врз основа на која лекарот дава совети како загрозените лица што побезболно да го пребродат период кој доаѓа.

Советите најчесто се сведуваат на тоа да не се излегува од дома, да не се оди на подолги патувања, не се заморува со физички и психички работи како и да се земаат пропишаните лекови.

Лицата кои се склони кон психички тегоби можат тие денови да земаат лекови за смирување.

Храната е многу важна за време на „тешките денови“ , а лекарите советуваат да се зголеми внесувањето на овошје и зеленчук како и течности. Избегнувајте алкохол и зашеќерени сокови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top