| четврток, 6 декември 2018 |

Секс поза со која мажите се опседнати

секс
Освежете го својот сексуален живот со нова поза која ви гарантира спектакуларно уживање за двајцата.

Девојката треба да легне на работ од креветот, масата или работната површина. Под задникот може да стави перница за полесно да го крева долниот дел од телото, а потоа треба да ги крене нозете во воздух, држејќи ги затворени една до друга.

Колку високо ќе го крене задникот зависи од неа, а може да се потпира и со рацете.

Нејзиниот партнер треба да стои на подот над девојката, а ако е преммногу ниско застаната, може и да клекне на колена. За дополнителна стабилност може да ја фати девојката за нозете или стапалата. Оваа поза овозможува длабока пенетрација и целосна контрола над интензитетот на движење.

Нозете на девојката се собрани, што значи дека ќе го почувствува пенисот на партнерот во многу поголема мера, додека и таа нему ќе му ја зголеми сензацијата со нешто потесен отвор.

Слободните раце, девојката може да ги користи за дополнителна стимулација на градите или клиторисот. И, подготвени сте за оргазмично задоволство!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top