| четврток, 6 декември 2018 |

Силиконските гради ми експлодираа, за малку ќе умрев- Мисица си ја отвори душата

мис

Со години Даниела (32), мис на Велика Британија од 2004 година, многумина ја сметаа за наубавата Англичанка, но нејзината драма започнува во 2012-та година кога и експлодирале силиконските импланти во градите поради што за малку ќе умрела.

-Лекарите беа принудени да ги извадат имплантите и малку недостасуваше да умрам за време на операцијата. Изгубив 2,8 литри крв, ситуацијата беше многу сериозна. Бев унаказена, наместо гради имав само парчиња одвратна кожа кои висеа. Самодовербата ми беше на нула. Живеев со огромна лузна која потсетуваше на гризнување од ајкула и не можев да се погледнам во огледало, изјавила Даниела.

Таа на крајот сепак одлучила да оди на нова пластична операција за да и се санира лузната.

-Не можев да поверувам кога повторно видов дека моите гради се поинакви од она што беа. Најпосле можев повторно да ги погледнам, додала некогашната мисица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top