Кристијан Голубовиќ е пуштен од притвор, каде беше од 19 јануари заради закани врз Тамара Ѓуриќ.
Неговиот адвокат за медиумите посочил дека очекувал ваква одлука, а очекува да биде повлечена и кривичната пријава против неговиот клиент.
Голубовиќ беше приведен и притворен заради закани кои преку Фејсбук и ги упати на клаберката Тамара Ѓуриќ.
Сепак, тој очекува и одслужување на казна за поседување на хероин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.