| четврток, 6 декември 2018 |

Ги фрлил од прозорец трите малолетни деца

Сириец (35) бил уапсен во Лохмар во Германија, поради обид за убиство на своите три деца кои ги фрлил низ прозорец од бегалскиот камп.
kamp

Ова страшно злосторство го пријавил човек кој ги видел децата како паѓаат од првиот кат на азилантскиот центар. Итната помош ги затекнала двете деца со тешки повреди, додека третото било во подобра состојба, па веднаш било однесено кај својата мајка.

Петгодишното момче и седумгодишното девојче претрпеле тешки повреди на главата и психичка траума. Човекот не давал никаков отпор при апсењето.

Во тој бегалски камп, некогашен кинески ресторан, живеат околу 30 луѓе. Хуманитарните работници неколку седмици пред овој инцидент пријавиле агресивно однесување на некои бегалци, па дури и злоупотреба на жени и на деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top