– Преку 80 отсто од работите на обновата на железничката станица во Прилеп се завршени. Одлично течат работите – изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисјаловски денеска во Прилеп, запрашан
како се одвива проектот со Европската унија за обновата на 10 железнички станици на Коридорот 10.
- Согласно динамиката што ја имаме со изведувачите и координацијата со Европската Унија, очекуваме обновата на сите железнички станици оваа година да биде завршена – нагласи Мисајловски.
Тој додаде дека се работи и на делницата Битола Краменица која е нова.
- Се работи на оваа нова делница со еден крак кон Жабени. Целата траса е веќе пробиена. На теренот работиме ефективно. Овие месеци имаше послаб интензитет поради временските услови, но очекуваме компаниите кои работат и нивните подизведувачи наредните месеци да ја засилат работата. Очекувам, согласно договорот комплетно трасата да биде рехабилитирана – изјави Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.