Дел од Годишната програма на Министерството за култура се и шест проекти на Локалната установа Градски музеј Крива Паланка кои ќе бидат реализирани во текот на годинава…
Согласно со Програмата за работа на музејот за 2016, ќе се вршат истражувања на археолошките локалитети Градец и Водовод-млековод до манастирот Св.Јоаким Осоговски.
– Министерството одобри финансирање на заштитните археолошки истражувања на два локалитети, продолжуваме со ископувањата на локалитетот Градец, како и минатата година, а оваа година се вклучени и сондажни истражувања во Варовиште. Со Годишната програма предвидено е продолжување на дигитализацијата на културно-историското наследство која редовно ја спроведуваме со нејзина тековна регистрација и евиденција предвидени се повеќе уметнички изложби, моменто се подготвува интензивно првата групна изложба на млади кривопаланечки уметници, а годинава ќе организираме јубилејна изложба на познатиот паланечки академски сликар Роберт Цветковски, по повод 25 години од неговото творештво, додаде Величковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст