Мажите навистина не ги разбираат жените, покажаа истражувачите од Универзитетската болница ЛВЛ во Бохум. Сите 22 мажи со помош на фотографиите на кои биле прикажани само очите можеле да ја препознаат емоцијата – негативна, позитивна или неутрална. Но, истражувањето покажало дека мажите многу подобро го препознавале расположението на луѓето на сликата ако се работело за маж отколку за жена.
Научниците од Универзитетот во Индијана открија дека мажите најчесто погрешно ги интерпретираат позитивните сигнали кои им ги испраќаат жените, често мешајќи го пријателскиот поглед со сексуална привлечност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


