| четврток, 6 декември 2018 |

Елајџа Вуд доаѓа во Скопје и тоа како диџеј

Американски глумец Елајџа Вуд, познат по улогата  на Фродо Багинс од трилогијата „Господарот на прстените“ на оскаровецот Питер Џексон, на 4 јуни ќе дојде во Скопје, но не во улога на актер, туку како диџеј.

Триесет и петгодишниот Вуд ќе настапи на шестиот фестивал „Здраво млади“ што го организира Младинскиот културен центар.

ФРОДО

Елајџа е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4.000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи како диџеј со својот другар Зак Коуви, патуваат низ светот и прават одлични забави. Познати се како дуото „Вуден виздом“, кое пушта класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментални изведби, денс њувејв од 80-тите, информира МКЦ.

Вуд експериментира со електронска продукција уште од тинејџерските денови, а како диџеј најстапува од 2001 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top