| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватот Бабиќ со нов бисер: Убаво е да се живее, но убаво е и да се умре – од 2002 година знаев за медалот

EHF European Men's Handball Championship 2016

Неверојатен е хрватскиот селектор Жељко Бабиќ, секое негово појавување е вистински бисер. Тој е пријател со Исус, плачеше кога му се заблагодаруваше на Лино Червар, по победата на Мешков Брест над Металург во Скопје, а сега кажа дека уште од 2002 година знаел дека ќе освојат бронза на првенството во Полска.

Најпрво, по победата над Македонија даде интервју со реченици од по два, три збора, потоа, по победата над Полска, лично му се заблагодари на својот пријател Исус, а денеска, по Норвешка и освоената бронза, рече дека уште во 2002 година знаел дека ќе освои бронза. Кажа и се уште е жив.

Многу сум уморен. Задоволен сум што Хрватска освои медал. Не знам што да ви кажам, тоа е посебно чувство, но и посебен стрес. Убаво е да се живее, но убаво е и да се умре. Јас сум посебно благодарен и веќе сум ви кажал дека во 2002-та година ми беше кажано дека ќе станам селектор, дека ќе бидам успешен и дека ќе освојам медал, но не верував. Тоа беша на 1 август 2002 година. Еве, пророштвото се исполни“, се зборовите на овој “сериозен“ човек, по освојувањето на бронзениот медал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top