Хрватска и Норвешка од 15 часот во Краков во малото финале на Европското првенство во ракомет ќе се борат за бронзениот медал. Два дена откако ги загубија полуфиналните дуели, ќе се обидат да се рехабилитираат и да стигнат до третото место на шампионатот.
Хрватска направи едно чудо со самиот пласман меѓу четирите најдобри селекции, со онаа неверојатна победа од 14 гола разлика против домаќинот Полска, а сега селекторот Жељко Бабиќ вели дека триумф над Норвешка за нив би претставувал спортско чудо.
– Освојување на медал би бил рамен на спортско чудо, а јас би бил многу горд на моите ракометари. Против нас ќе истрча селекцијата која играше најдобар ракомет на ова Европско првенство. Модерни се, имаат се што треба за да бидат во самиот врв. Немаа само среќа за да играат во финалето. Ние сме уморни, но треба да наметнеме иницијатива во текот на мечот. Норвежаните играат во силно темпо 60 минути, а ние тоа не можеме да го сториме поради бројните повреди. Но, ќе дадеме се од себе за да стигнеме до успех – најавува хрватскиот селектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



