| четврток, 6 декември 2018 |

Едноставни чекори кои ќе ве одведат до секс за паметење

Сè секогаш може да биде подобро, па така и сексот. Затоа, важно е да работите на неговото подобрување. Ви донесуваме неколку совети кои моментално ќе го подобрат вашиот сексуален живот.

секс2

Немојте да глумите оргазми

Да бидеме реални – лажирањето оргазам за некои жени речиси е навика. Дури 60 отсто од жените признале дека барем еднаш во животот одглумиле оргазам. Ако ова ви премине во навика, тоа би можело да предизвика сериозни проблеми со интимноста, пад на самодовербата, но и во врската. Ако на својот партнер не му кажете што ви се допаѓа, а што не, и дека всушност не доживувате оргазам, тој ќе си мисли дека сè е во ред и нема да се потруди да ви овозможи задоволство какво што заслужувате.

Бидете искрени еден кон друг

Со партнерот секогаш бидете искрени и отворени. Истражувањата покажале дека отворените и позитивните партнери имаат поголемо сексуално задоволство. Ако непрестано прави нешто што не ви се допаѓа, немојте да молчите, туку едноставно кажете му го тоа.

Бидете јасни и гласни

Престанете да ги задушувате вашите секси воздишки. Слободно изразете се и пуштете го гласот. На тој начин ќе го охрабрите партнерот и ќе му дадете до знаење дека ви е убаво и дека сте многу возбудени.

Колку повеќе, толку подобро

Важно е да се усовршувате во сексуалните авантури, а праксата е вистинскиот и единствениот начин за тоа. Честите сексуални односи водат до подобар секс затоа што така ја зголемувате вашата самодоверба, се зближувате со партнерот и станувате посреќни и поздрави.

Бидете иновативни

Немојте да престанете да бидете креативни и испробувајте нови работи. Обидете се со секси играчки или долна облека, лубрикант, а можеби и со некоја нова поза и локација.

Следете го своето расположение

Нормално е вашето расположение да варира во текот на денот, а сексот исто така би требало да го отсликува. Ако сакате емоционална поврзаност или нешто што вклучува контакт со очите, обидете се со мисионерска поза. Ако се чувствувате оптимистично и возбудено, испробајте нова поза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top