| четврток, 6 декември 2018 |

Најсреќниот човек на светот ја открива тајната на среќата

Ако го прашате пребарувачот „Гугл“ кој е најсреќниот човек на светот?, ќе ви се појави името Матје Рикар.

1f2165a5bb6b30b5d4ecb2c704db3fcc

 

Станува збор за 69-годишниот тибетски будистички свештеник по потекло од Франција. Невообичаено ниво на гама-зраци Атрибутот најсреќен човек на светот го добил по учеството во 12-годишното истражување за медитација и сочувство, под раководство на неврологот Ричард Дејвидсон, од Универзитетот „Висконсин“.

Тој го поврзал мозокот на Рикар со 256 сензори и утврдил дека неговиот мозок во текот на медитирањето за сочувство бил необично неоптоварен.

Престанете да размислувате во стилот „јас, па јас“ вели Рикар, кој тврди дека понекогаш медитира цел ден, признава дека во принцип е среќен човек, (иако смета дека титулата најсреќен човек е сепак претерување поттикнато од медиумите).

Рикар смета дека тајната е во алтруизмот.

– Kога постојано размислувате за себе и како да ви биде подобро, се изложувате на голем напор и стрес, а резултатот е незадоволство. Целиот свет го доживувате како закана или како нешто што треба да ви донесе одредени придобивки. За да бидете среќни, треба да се стремите кон тоа да бидете добронамерни. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и останатите повеќе ќе ве сакаат – вели Рикар.

Тој е убеден дека секој може да биде безгрижен.

Според него, секој човек има потенцијал да биде добар (освен ако не е сериски убиец и ако во неговиот мозок се одвиваат одредени хемиски процеси).  Омилената вежба на Рикар е медитацијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top