Келнери
Обично платите се ниски, а работата е исцрпувачка и непријатна. Келнерите постојано ги поднесуваат луѓето кои им велат што да прават, а освен тоа треба да можат да им одговорат и на физичките напори и на работа во текот на ноќта. 10% од оние кои работат како келнери страдаат од депресија. Од депресија се засегнати речиси 15% од жените кои работат во оваа област.
Социјални работници
Работата со малтретирани и проблематични деца и семејства на работ на финансиска или друга криза, во комбинација со бирократијата, придонесува за сместување на оваа професија меѓу стресните.
Медицински работници
Во оваа група влегуваат лекари, медицински сестри, физиотерапевти и други здравствени работници. Медицината е хумана, но и исклучително одговорна – вработените во здравството се одговорни за животот на пациентите. Секојдневните притисоци предизвикуваат високо ниво на стрес и склоност кон депресија. Секој ден медицинските работници се соочуваат со различни и тешки болести, повреди и смрт, што по една или друга причина влијае на нивната психа.
Уметници, писатели, актери
Луѓето кои се посветени на креативни професии често работат во изолација, што може да доведе до депресија. Освен тоа, доаѓаат и до периоди на креативен застој. Понекогаш се соочуваат и со многу ниско плаќање на трудот и мали можности за професионална реализација. Затоа изведувачите и уметниците често страдаат од биполарно растројство и депресија.
Наставници
Барањата кон наставниците постојано растат. Тие треба да се обидуваат да ги задоволат индивидуалните потреби на секој ученик. Навистина професијата на наставниците е една и од најодговорните, но и најстресните поради генерално ниската плата и по некогаш преоптеретувањето при работата со деца.
Административен помошен персонал
Работата на канцелариските менаџери често е обемна и динамична, а истовремено потценувана од другите вработени во фирмата. Нивниот труд не им се признава, а тој го прави животот на сите останати колеги полесен.
Финансиски консултанти и сметководители
Професиите поврзани со работа со пари се едни од најдепресирачките. Само една минимална грешка на финансиски службеник може да доведе до огромни загуби и проблеми. Затоа и вработените во оваа област имаат стресно секојдневје, што во одреден момент може да доведе и до тешка депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст