| четврток, 6 декември 2018 |

Хомосексуалци, Албанци, Роми, Хрвати, инвалиди, стари.. Листа на дискриминирани во Србија

Nevena-PetrušićРеултатите од анкетата на српскиот Центар за слободни избори и демократија за дискриминацијата во земјата покажуваат дека српските граѓани се најдистанцирани и најнегативно расположени кон хомосексуалците и ХИВ позитивните. Следни на таа листа се Албанците, па по нив се Хрватите, Ромите и Бошњаците, покажува извештај кој е доставен до српската парламентарна Комисија за човекови права и рамноправност меѓу половите.

– Според граѓаните најдискриминирани се Ромите, инвалидите и возрасните луѓе, наведува авторката на извештајот Невена Петрушиќ, повикувајќи се на резултатите од спроведената анкерта на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСИД). Таа истакнува дека половина од анкетираните не сакаат да дискриминираат, но и не ја осудуваат дискриминацијата.

Резултатите покажуваат дека една третина од испитаниците ја осудуваат дискриминацијата, 18 проценти имаат отворена тенденција кон дискриминацијата, а една петтина од граѓаните дури и не знаат дека дискриминирањето е забрането.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top