| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално, Пато потпиша со Челси

pato

Алехандре Пато и официјално е нов член на Челси откако вечерва потпиша договор со актуелниот првак на Англија. Поранешниот голгетер на Милан доаѓа на „Стемфорд бриџ“ од редовите на Коринтијанс, и тоа на позајмица до крајот на сезонава, со можност во текот на летото целосно да биде откупен неговиот договор со бразилскиот клуб.

– Не гледам на Пато како на ризично засилување, бидејќи тој е голгетер што е проверен на европската сцена – изјави Гус Хидинк.

Самиот Пато, кој ги надмина проблемите со повредите што го мачеа неколку години и повторно влезе во топ-форма, не го криеше задоволството по овој трансфер.

– Секогаш сум велел дека Премиер-лигата е најсилна во светот и горд сум што добивам шанса да играм во ова натпреварување. Му благодарам на раководството на Челси за укажаната, убеден сум дека ќе возвратам на најдобар начин – порача Пато по потпишувањето на договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top