Тој е полнолетен, но сепак ова е премногу.
Социјалните мрежи буквално прегореа од негативните коментари во врска со најновата фотографија од фолк пејачката Цеца и нејзиниот син Вељко како се забавуваат во еден белградски ноќен клуб.
Факт е дека младиот Ражнатовиќ е полнолетен и дека законот не го спречува да пуши. Сепак, со оглед дека на голем број на тинејџери ширум регионот току тој им е идол, а неговата мајка е обожувана од уште поголем број на љубители на нејзината музика делува дека не е примерно и коректно Вељко да објавува фотографии на кој тој и неговата мајка пушат цигари и конзумираат енергетски жестоки пијалаци.
Броните негативни коментари на оваа фотографија направија токму оваа сцена на „српската турбо фолк мајка“ и Ражнатовиќ јуниор да биде прогласена за негатив на неделата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.