| четврток, 6 декември 2018 |

„Кулите близначки“ повторно заедно, Гечевски се враќа во Работнички

Kup Rabotnicki 2015  (8) (Custom)

Најтрофејниот кошаркарски клуб во Македонија, во овој период од годината во паузата пред суперлигата осетно се засилува со двајца ветарани во мак-баскетот.
По ангажирањето на Диме Тасовски, клубот од градски парк доби неочекувано старо-ново име во таборот. Тодор Гечевски одлучи да му се приклучи на А-тимот и да му помогне до крајот на оваа сезона.
Тоа значи дека центарци повторно на располагање ќе ги имаат „Кулите близначки“, со оглед на тоа што од неодамна во тимот е и партнерот на Тоше во играта под кошевите, Ѓорѓи Чековски. Овој двоец лани му го донесе пехарот во Купот на Македонија на Работнички, што ќе биде нивна примарна цел и во остатокот од сезонава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top