Во Македонската опера и балет в сабота, 30 јануари, и вторник, 2 февруари, ќе се одржи двојна изведба на најновата балетската продукција на МОБ „Огнени градини“.
Кореографијата е работена на музика од познатиот шпански композитор Мануел де Фаља. Кореограф е Џејмс Амар од Франција, кој воедно ги скицираше елементите за либретото на претставата.
Претставата е условно составена од три дела: Градините на Алхамбра, Градините на Кордоба и Маѓепсана љубов, а кореографијата содржи многу елементи од шпанските традиционални танци со акцент на фламенкото. Сценограф е Зоран Костовски, а костимограф Александар Ношпал.
Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира Бисера Чадловска. Настапуваат: во Градините на Алхамбра: Саша Евтимова, Дафина Данилоска, Билјана Басмаџиева, Игор Веланоски, Дојчин Дочев (Бугарија), Мирослав Митрашиновиќ; во Градините на Кордоба: Мими Поп Алексова-Атанасовска, Наташа Јосифовска, Ивана Коцевска, Васил Чичијашвили, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски; во Маѓепсана љубов: Александра Мијалкова, Мими Поп Алексова-Атанасовска, Васил Чичијашвили, Мирослав Митрашиновиќ.
Вокален солист е Ирена Кавкалевска, а солист на пијано е Дино Имери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст