На автопатот Гевгелија – Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија, вчера во еден часот по полноќ полицијата во патничко моторно возило „мазда 323“ открила осум илегални емигранти од Иран.
Како што соопшти денеска МВР, полициски службеници се обиделе да ја сопрат „маздата 323“, но возилото не застанало. Тргнале по него и на околу 500 метри од местото на запирање го пронашле возилото, а возачот успеал да избега. Од извршениот преглед на возилото биле откриени осум илегални емигранти од Иран.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст