| четврток, 6 декември 2018 |

Урбан теренец отсега и со погон на сите четири тркала

Британската компанија за производство на автомобили „Мини“, ја прошири својата палета на производи со нов „клабмен“, кој отсега ќе има погон на двете оски

Новиот модел „клабмен ОЛ4“ однадвор изгледа сосема идентично со стандардниот модел „клабмен“, кај кој силата од моторот се пренесува само на предната оска, но отсега љубителите на возилата на „Мини“ можат да го возат новиот урбан теренец со погон на сите четири тркала. Новоразвиениот погон преку двете оски располага со преден и со заден диференцијал и со електрохидраулично квачило, кое работи во комбинација со „Динамик стабилити контрол систем“. Во зависност од состојбата на подлогата и од дистрибуцијата на моментот на вртежи, силата на моторот се испраќа на тркалата кои оптимално можат да ја пренесат на патот што значително ја подобрува движечката сила и вкупната управливост на автомобилот.

mini-clubman-all4-003

Од компанијата најавуваат дека по светската презентацијата која е закажана за Саемот на автомобили во Њујорк во април, моделот со погон на сите четири тркала за пазарот во САД ќе биде понуден со две моторни опции.

Послабиот турбобензински мотор со три цилиндри развива 135 коњски сили и 220 њутн-метри вртежен момент. Овој агрегат може да се комбинира со шестстепен рачен менувач, а за вљубениците на автоматскиот менувач е понуден и осумстепен менувач. Со автоматскиот менувач, „клабмен ОЛ4“ за 9,3 секунди развива од 0 до 100 километри на час, а неговата максимална брзина изнесува 201 километар на час.

mini-clubman-all4-005

За посилната верзија која има дополнителна ознака С, одбран е дволитарски четирицилиндричен турбобензински мотор, кој има 192 коњски сили и 280 њутн-метри најголем вртежен момент. Понудата на менувачи е идентична како и кај послабата верзија на мотор, а „клабмен ОЛ4“ во комбинација со осумстепениот автоматски менувач за забрзување од 0 до 100 километри на час ќе потроши 6,6 секунди. Максималната брзина изнесува 225 километри на час. Просечната потрошувачка изнесува 7,8 литри во комбиниран режим на работа.

mini-clubman-all4-004

Се очекува новиот модел на „Мини“ да излезе во продажба веднаш по светската премиера во април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top