Наскоро ќе почне изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп. Првата фаза од Фариш до Дреновска Клисура во должина од 10 километри ќе ја гради шпанската компанија „Констракшн рубауко“, со која е потпишан договор.
Договорот е вреден 31,8 милиони евра. Изведувачот има рок од 24 месеци да ја заврши изградбата на оваа делница.
Според проектот, патот ќе биде со широчина од 12,4 метри, со по две ленти од по двете страни со широчина од 3,5 метри и 2, 5 метри.
Изградбата на овој пат од Градско до Прилеп ќе се изведува во три фази. Втората фаза ќе се гради од Градско преку Росоман до клучката Кавадарци во должина од 16 километри. Третата фаза се планира да почне од Тројанци, па сè до влезот на Прилеп во должина од 7, 5 километри.
Потпишан е и договор за реконструкција на регионалниот пат Кочани – Делчево, во должина од 30 километри. Инвестицијата за целосна рехабилитација на оваа делница изнесува шест милиони евра.
Изведувач на овој проект е домашната компанија „Гранит“.
Оваа година, покрај овие два патни правци, за кои веќе се склучи договор, ќе се почне со изградба на уште четири нови експресни патишта: Штип – Кочани, Штип – Радовиш, Охрид – Пештани, Ранковце – Крива Паланка, со вкупна должина од 104,5 километри и инвестиција со проценета вредност од околу 247 милони евра, како и реконструкција на уште пет регионални патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


