Соња Верушевска
Професија: Шпионажа
Хоби: Поддршка за Катица
Зоран Заев, Зоран Верушевски, Соња Верушевска, Катица Јанева, Чауш… Тоа е тој магичен круг. Тој им купил компјутер, сакал и автомобил, тие му помагале нему, таа ја промовира неа, а она ќе оди на политички протести. И сето тоа е зачинето под тепихот на Чауш.
Се врткаат и други луѓе во кругот, но главно тие ги влечат конците. Секој приказна за себе. Неделава се истакнаа повеќемина од магичниот круг. Тепихот на баба Зумбула несомнено беше хит… Хит беше и Соња, сопругата на првоосомничениот во аферата „Пуч“, Зоран Верушевски. Таа всушност е една од осомничените во случајот. И како осомничена, јавно ја истакна независноста во работењето на специјалната обвинителка која го пушти од притвор нејзиниот сопруг. Соњето се израдува што специјалната јавна обвинителка доби одобрување за буџетот. Да потсетиме само дека Соња и двајцата Зорановци треба да одговараат по сериозни обвиненија, токму пред СЈО и пред Катица Јанева, она исто обвинителство на чиј буџет се радува Соњето… Зошто ли?! Има ли тоа некаква врска со скандалозната одлука на Катица, Верушевски да излезе од притвор? И тогаш Соњето се истакна… Му се заблагодари лично на лидерот на СДСМ, оној истиот што сакаше да му купи автомобил на семејството Верушевски… Си заслужиле луѓето.
Врската меѓу Катица Јанева, Зоран Заев и Зоран Верушевски уште поцврсто ја потврди сопругата на Верушевски, Соња, кога на својот профил на „Фејсбук“ напиша:
„Денес се случи слобода на човекот што нѐ направи сите горди и достоинствени… Најголема благодарност упатувам до лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на РМ, г-динот Зоран Заев, кој нѐ сплоти сите околу една визија и вистина за Македонија – Ви посакувам на сите до крај храбро, заедно да ја извојуваме битката за слободна и за демократска Македонија“.
Верушевска често на социјалните мрежи споделува работи поврзани со Катица Јанева.
И можеби ништо не ќе беше спорно доколку Соњето не се залагаше за одбрана и за промоција на специјалната јавна обвинителка која треба да го застапува обвинението против неа и против нејзиниот сопруг. Обвинета е за шпионажа…
И откако Соњето ја искажа поддршката, ја снема од „Фејсбук“… Нејзиниот профил е затворен или добро скриен… Недостапна е за јавноста. Но достапно за јавноста беше потврдувањето на врската на Јанева, Заев и на Верушевски.
И обвинителката, за чија промоција се залага Соњето, го затри тепихот. Ја истакна својата независност… Заинтересирана за протестите што ги најавуваат опозициските структури. Таа е заинтересирана да протестира против еврокомесарот Јоханес Хан… Тоа е таа независност на институциите што ја бараше СДСМ… На здравје!
Соња со синот Александар:
- -Рече, ние да сме обезбедени максимално. Договорот со Зајко, знаеш и ти како беше договорено, тоа значи јас ќе возам нова кола, ха, ха, ха.
- -Ти како си и како ти е таму, и кажи му на Зајко компјутер ми фалит.
- -Уште еден адвокат или десет, сè е џабе, без револуција џабе е сè.
- -Татко ми е супер и го порача следново, јас да почнам со бизнисот со Зајко и бомбата нека грми. Значи, пренеси му секако да си тера по планот, без пазарење со никого.
Рекоа и:
- Сопартиецот на Зоран Заев, Захир Бекири Чауш, имал телефонски разговори со број кој е регистриран на име на Соња Верушевски, сопругата на Зоран Верушевски, првообвинетиот во аферата „Пуч“ (Прес 24)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


