Компаниите од тутунската индустрија (производители и увозници) нема да можат да прават шпекулативни резерви за одбегнување за плаќање акциза, објави „Алфа“. Ова е еден од измените на новиот Закон за акцизи што е во собраниска процедура. Оваа законска одредба, всушност, оневозможува на тутунската индустрија да има таложење резерви кај дистрибутерот пред поскапувањето на цигарите со цел да се избегне плаќање на новите акцизи со што директно се оштетува буџетот. Со новиот закон ќе се проверува и магазинот на дистрибутерот и на тој начин нема да се дозволи одлевање на средства од буџетот. Со член 14 се предлага при промена на акциза и при промена на малопродажна цена на тутунски добра производителот и увозникот да направат попис и записник на затечени резерви на тие добра во своите складови, надвор од нив и во складови на увозникот. Овластениот дистрибутер прави попис во својот склад и надвор од него и во складови на друштво поврзани со него и записникот за извршениот попис го доставува до Царинската управа. Производителот и увозникот ја пресметуваат разликата од старата до новата акциза на затечената стока кај себе и кај дистрибутерот и доставуваат барање за доплата на акциза до Царинската управа за што добиваат решение од Царина да доплатат во рок од 30 Оваа измена е дел од европската регулатива за спречување на шпекулативните резерви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


