Грчките бродови ќе останат закотвени во пристаништата и денеска и утре, откако синдикатот на морнарите свика нов 48-часовен штрајк во знак на протест против владините планови за пензиските реформи, јави дописникот на МИА од Атина.
Синдикатот на морнарите (ПНО) утре ќе одржи состанок на кој ќе донесе одлука за натамошните акции, а веќе е донесена одлука морнарите да се приклучат на генералниот штрајк на национално ниво, кој ќе се одржи на 4 февруари, во знак на протест против планираните реформи за социјално осигурување.
Штрајкот на ПНО предизвикува големи проблеми на островите во источниот дел на Егејско Море каде што секојдневно пристигнуваат илјадници емигранти и бегалци од Турција.
Во меѓувреме, продолжува и протестот на земјоделците, кои и денеска ќе ги блокираат главните патишта во Грција и граничните премини. Блокадите ќе бидат поставени од 12 до 14, и од 18 до 21 часот по локално време на различни патишта во земјата.
Земјоделците се закануваат дека ќе го блокираат и патот до меѓународниот аердором во Атина и веќе имаат распоредено трактори на пет локации во областа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


