Вишиот суд во Белград ја одби жалбата на Воислав Ѓурковиќ од Бјелина против пејачката Светлана Ражњатовиќ – Цеца, од која бараше да го плати долгот од 116,000 евра пресметани со камата. Тие пари уште во 1997 година тој му ги позајмил сега на покојниот Жељко Ражњатовиќ – Аркан!
Кон крајот на декември, Воислав и Цеца се соочиле во судницата, а по тој повод размениле остри зборови и навреди.
Во продолжение на постапката, која се влече по судови веќе 15 години, судот овој пат констатирал дека не постои доказ врз кој може со сигурност да се утврди дека тужителот всушност му позајмил на Аркан пари. Претходно, кон крајот на 2011 година, поранешниот општински суд пресуди во корист на Ѓурковиќ и нареди на пејачката да ги врати бараните пари.
Основниот суд потоа врз основа на правосилна пресуда и наложи на Цеца во име на наплата на долгот да продаде еден кат од куќата во улица Љутице Богдана, со големина од околу 140 квадратни метри. Сепак, нејзиниот адвокат поднесе жалба до Врховниот касациски суд, кој ја поништи пресудата и нареди повторно судење.
Ѓурковиќ, горчливо ја примил пресудата, најави дека ќе поднесе жалба до Судот за човекови права во Стразбур.
– Искрено, не очекував поинаков пресуда со оглед на фактот дека на Цеца е заштитена како поларна мечка. И секогаш е неказнета – вели Ѓурковиќ за српски „Информер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.