| четврток, 6 декември 2018 |

Неда Украден: Ми треба маж, а не дете кое ќе ми ги носи несесерите!

neda-ukraden-svrgreet-e1427286868363-433x650

Неда Украден, едно од најголемите музички имиња на просторите на поранешната држава, признала дека иако се смета за згодна никогаш не би се соблекла гола.

 „Се трудам да имам добра песна. Знам дека сум добра. Зошто да се слекувам гола? Никогаш не би го направила тоа. Сите знаат дека сум згодна. Сега да прашате кој било маж дали Неда е згодна, сите ќе речат: Таа е бомба! Зошто да се слекувам гола, само за да настинам“, низ насмевка прокоментирала Неда и уште открила дека не треба лесно да се согласи на брак, но и дека ако и се случи цврста и стабилна врска не треба да се исклучи и таа опција.

„Не сум некој кој лесно се решава за брак. Тешко кажувам ДА. Им се воодушевувам на жените кои лесно се мажат. Јас секогаш мерам, сечам, размислувам и на крајот велам – Што ќе ми е тоа!” – рекла пејачката, според која, добар фраер освен Здравко Чолиќ и Горан Бреговиќ за неа е и Владо Георгиев.

„Покрај мојата неуништива генерација, на која и припаѓаат Чола и Брега, вистински шмекер на естрадата е и Георгиев, иако јас всушност и не преферирам помлади. Младите мажи не се стабилни. Младиот маж сака авантури. Мене не ми треба некој кој ќе ми ги носи несесерите, туку исполнет маж со своја работа”, додала Украден.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top