| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли што ќе ви се случи ако го исфрлите лебот од исхраната?

Можете ли да замислите еден оброк без леб? Без оглед на тоа каков е вашиот одговор на ова прашање, ова би можело да ве интересира.

vistini-i-zabludi-leb02

Во случај, навистина, да решите од вашата исхрана да го исфрлите лебот, односно јагленохидратите, ќе ви се случат следниве работи:

Ќе ги намалите килограмите

Не напишавме дека ќе загубите несакани килограми бидејќи во овој случај, во оваа фаза, пред сè станува збор за собраните течности во организмот. Сепак, ќе бидат помалку килограми кога ќе застанете на вага. Јагленохидратите во нашиот организам се чуваат во облик на гликоген, а секој грам на јагленохидратите во нашиот организам се врзува со три до четири пати повеќе вода.

1-najdobrite-soveti-za-ramen-stomak-www.kafepauza.mk_

Ќе ви се израмни стомакот

Веќе по неколку дена без јагленохидратите во својата исхрана ќе забележите дека стомакот многу ви се израмнил. Исхраната, секако, збогатете ја и со намирници што обилуваат со влакна.

Повеќе енергија

Откако ќе го намалите внесувањето на јагленохидратите  и е ја збогатите исхраната со зелен зеленчук  ќе си обезбедите  доволно енергија за цел ден.

lice-1453649066-78264

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top