Во рамки на петиот oд вкупно толку проекти промовирани денеска е планирано отворање нова голема мултифункционална читална во Скопје, која исто така ќе бидат сместена во палатата „Генерал Михајло Апостоловски“. Проектите беа претставени од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во присуство на премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев и владини министри и претставници на државни институции.
Планот е, истакна Груевски на промоцијата, да се добие современ простор кој освен читална, дополнително ќе има и намена за одржување концерти, културни манифестации, приредби… Уште при продажбата на земјиштето инвеститорот бил задолжен од новоизградениот објект еден спрат да отстапи на државата каде ќе бидат сместени матичната служба и мултифункционалната читална.
Во читалната која ќе се простириа на 1.650 метри квадратни ќе функционира и библиотека во која ќе може да се најдат книгите од илјада стручни научни учебници од најдобрите универзитети на македонски јазик, како и од едициите на министерствата за култура и образование и наука.
Отворањето на читалната, според Груевски било иницирано од огромната посетеност на читалната „1000 книги“ отворена во центарот на градот. Претходно, рече Груевски, најавивме и отворање нови читални во Струмиц, Велес и Аеродром.
Потенцира дека како и секогаш и овој пат избрале работа која создава услови за подобар живот, која решава проблеми на луѓето и на младите.
– Наспроти обвинувањата избираме чесен пристап и реални ветувања. Тоа не е лесно и затоа не го прават сите. Да беше лесно ќе го правеа. Но, затоа најголема награда е поддршката од граѓаните и можноста да се направи многу повеќе за својата земја.Ќе продолжиме да создаваме уште многу вакви дела, потенцира Груевски.
Додаде дека овие пет нови проекти се само продолжение на проектите што досега се реализирани, а се однесуваат на сферата на образованието и спортот посочувајќи притоа на изградбата на 72 нови и реконструкција на 350 основни и средни училишта, намалувањето на партиципацијата за студентите од 1.400 или 1.200 на 200 односно 400 евра, зголемување на стипендиите за студентите и средношколците, бесплатните учебници, изградбата на повеќенаменски и тениски игралишта, спортски сали, достапноста на 1000 стручни и научни учебници од најдобрите универзитети на македонски јазик…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст