Граѓаните, пред се младите ќе добија ново матично за склучување на бракови во Скопје, најави денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој презентираше нови пакет мерки за младите.
-По цели пет децении конечно граѓаните во Скопје ќе дбијат нова свечена сала каде ќе се склучуваат брачните договори. Ова е значаен чин за младите кој претставува одбележување на една нова етапа во животот на човекот и ќе се одвива во високо репрезентативни просторни услови, во сала во која ќе биде чест, среќа и радост да се влезе и да се памети. Во последните десетина година над 65.000 лица на територијата на Скопје стапиле во брак. Дополнително со пуштање во употреба на ново матично во Скопје, брачните парови е ги намалуваат своите трошоци за свадбената прослава, бидејќи голем број на двојките толку поради руинираните услови на матичната служба кои сега ги имаат го повикуваат матичарот на друга локација за што плаќаа соодветен надомест за таа услуга, истакна Груевски.
Тој додаде дека новото матично ќе биде сместено во објектот кој веќе се гради и ќе биде во непосредна близина на плоштадот Македонија. Објектот повозрасните, како што рече, го паметат како поранешна зграда на екс Офицерски дом срушен за време на земјотресот, а сега ќе биде нов објект чие име е палата „Генерал Михајло Апостоловски“.
Просторот на кој ќе биде новото матично ќе биде 762 метри квадратни, ќе има гардеробери, помошни простории, а објектот треба да биде завршен кон средината на 2017 година.
Груевски посочи дека во периодот додека се изгради новиот објект, ќе се обезбедат нови и позитивни услови за реализација на церемонијата за склучување на брак.
-Од почетокот на февруари, покрај досегашните можности, ќе има можност за склучување на бракови на нови две локации, тоа се Музејот на македонската борба и во просториите на Порта Македонија независно од термините кои ќе бидат закажани. Административниот дел за постапката за склучување на брак, каде младите треба да поднесат документи за истото, ќе се одвива во посебна просторија во зградата на поранешната Комерцијална банка каде исто така од 1.2.2016 ќе работи подрачното одделение на Управата за водење матични книги, објасни Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со сите овие новини, Управата за водење матични книги сметаат дека ќе се подигне професиоланото ниво на службата, а се во интерес на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст