Српскиот актер Драган Николиќ повторно е хоспитализиран поради влошување на здравствената состојба. Српски „Курир“ пишува дека за 71-годишниот глумец се грижат сопруга Милена Дравиќ и нивната венчана кума Јелисавета Сека Саблиќ.
Милена и Сека се забележани како пристигнуваат во клиниката неколку минути пред времето предвидено за посета. Откако времето за посета истекло, Милена и Сека излегле од клиниката, но бурата емоции ги совладала, па седнале на блиската клупа.
– Драган е повторно во болницата од крајот на минатата недела, откако здравјето пак му се влошило. Тим на стручњаци нон-стоп се грижат за него и се надеваат дека набрзо ќе закрепне, како што бил и досега случај. Милена секој ден доаѓа во посета и се грижи за сопругот – рекол за српски „Ало!“ извор близок на легендарниот актер.
Николиќ и порано беше хоспитализиран поради карцином на дебелото црево, па по шестмесечно лекување во Ургентниот центар беше пуштен на домашно лекување. Потоа, Драган е примен на ВМА каде поминал неколку дена, а отпосле отишол на рехабилитација во Врњачка Бања, каде поминал повеќе од три недели, после што се вратил во семејниот дом.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Две години од смртта на Драган Николиќ: Неговата неутешна Милена објави трогателен некролог
-
Некој му ги извадил очилата: Повторно оксвернавен споменикот на актерот Драган Николиќ (фото)
-
Легендарниот актер Гага Николиќ не се викал Драган
-
Николиќ ќе го менува Матиќ на тренерската функција во Карпош Соколи?!