Сите синдикати и здруженија на новинари во Грција за денеска свикаа 24часовен штрајк, јави дописникот на МИА од Атина.
Онлајн изданијата на медиумите денеска не објавуваат вести, а утре нема да излезат ниту весниците.
Штрајкот се организира во знак на протест против пензиските реформи кои ги планира грчката Влада, како дел од третата програма за спас на земјата.
Денеска не работат ниту адвокатите и лекарите, а штрајкот на морнарите почна уште вчера и ќе трае 48 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.