НУ Турски Театар во сабота, 30 јануари, со почеток во 20 часот ќе ја изведе претставата „Слуга на двајца господари“ од Карло Голдони во режија на Јуџел Ертен. Проектот е копродукција со НУ Албански Театар, а претставата ќе биде изведена на сцената на Театар Комедија.
„Слуга на двајца господари“ од Карло Голдони е напишана 1753 година. Тоа е комедија за љубов и леб. Турчинот Шабан, истовремено им служи на двајца господари, едниот Македонец а другиот Албанец за да заработи некој денар повеќе. Ова е комедија за напорот на истрајните вљубени невини млади карактери: Македонецот, Турчинката, Албанката и Торбешот да бидат со своите сакани… Тогаш, најприродно е концепцијата да се движи во рамките на овие три јазика и фантастична лингвистичка мешавина која опстојува во Македонија…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.