Шведските власти планираат да вратат 80 илјади азиланти кои во оваа скандинавска земја стигнаа во 2015 година, а чие барање за азил е одбиено.
Како што изјави шведскиот министер за внатрешни работи Андер Јгеман за депортација на мигрантите ќе бидат користени авиони и бродови.
– Цел процес ќе трае неколку години. Планирана е депортација на 60 илјади луѓе, иако се претпоставува дека тој број може да биде и 80 илјади луѓе – изјави Јгеман.
Шведска има близу 9,5 милиони граѓани, а во минатата година близу 165 илјади мигранти побара азил во оваа земја, што е најмногу во однос на бројот на жителите во Европската унија. Германија која има 80 милиони жители во овој период прими 1,1 милион бегалци.
Од близу 58.800 барања кои се во процедура во Шведскиот уред за имиграција, 55 отсто се прифатени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.