| четврток, 6 декември 2018 |

Нов инцидент во Егејско Море – загинаа 11 емигранти, од кои седум деца

Најмалку 11 емигранти, од кои повеќето деца, загинаа откако потонал чамец во близина на грчкиот остров Самос во Егејско Море.

05042015095645_migranti

– Спасени се 10 луѓе и откриени се тела на 11 емигранти, од кои седум деца, соопшти грчката крајбрежна стража.

Тоа е втор инцидент во изминатите два дена. Чамец со емигранти вчера потона во близина на грчкиот остров Кос при што загинаа седум луѓе, меѓу кои и две деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top