„Ние за идентитетот не преговараме, ние сме Македонци“, зборуваше премиерот Никола Груевски, вчера во емисијата на Миленко Неделковски на Канал 5, каде експерти во повеќе области му поставуваат прашања од различни теми.
– Проблемот кој го имаме е постар од 100 години. Тоа можат да го потврдат историчарите. Ние се фокусираме на овие преговори и така ќе биде во иднината. Односите не се нарушени заради нас и сега, туку во моментот кога на референдум граѓаните изгласаа да се викаме Република Македонија. Тогаш Грција наметна осцилации во односите. Јас наследив ситуација во која имаме времена спогодба, проблем во кој Грција наметнува проблем со името. Некој вели дека ние не сме способни да го решиме проблемот, но ако е тоа лесно зошто проблемот не го решиле моите претходници? Она што јас го говорам е дека ние сме Македонци. Јас не сум рекол дека сме Словени или антички Македонци, ние сме Македонци. Нашата етногенеза е резултат на постоење на многу цивилизации во вековите зад нас. Ние говориме јазик кој има корени од словенскиот јазик. Тоа не го негираме, туку се гордееме со тоа – рече премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии