| четврток, 6 декември 2018 |

Се друго е копија: Само овде има вистински „Моцарт“ чоколатца!

На денешен дел во Салцбург, пред 260 години е роден Волфганг Амадеус Моцарт чија музика и слава го претвори овок град во еден од најпосетуваните во средна Европа.

61187003

Музичкиот гениј Волфганг Амадеус Моцарт придонесе за туристичката популарност на Салцбург, а неговото име го краси и еден од најпопуларните австриски сувенири-„Моцарт“ чоколатцата. Оригиналниот рецепт за чоколадните топчиња е тајна, а ја смислил австрискиот слаткар Паул Фурст во 1890 година во чест на музичкиот гениј.

61187005
Чоколатцата со средина од марципан за многу кусо време ги воодушевиле жителите на Салцбург, а производот освоил и златен медал на саемот во Париз во 1905 година. Оттука не е ни чудно што останатите слаткари почнале да го копираат овој славен десерт.

61187004

Иако Фурст побарал помош од судот со цел да го заштити името на „Моцарт“ чоколатцата (Mozartkugeln), желбата на домашната и странската конкуренција толку многу го искомпликувала судскиот процес, што во осумдесеттите години ов минатиот век е донесена одлука која вели дека името можат да го користат сите компании во Австрија, но и по некоја германска.
61187001
Годишно се произведуваат околу 1,4 милиони „Моцарт“ чоколатца кои се продаваат како сувенири и се извезуваат во педесеттина земји. Но, поголемиот број од овие производи отпаѓа на индустриско произвотство.
„Cafe-Konditorei Fürst“ единствени рачно ги изработуваат Моцарт топчињата според оригиналната процедура на нивниот изумител, и истите може да се вкусат во нивните продавници на овие четири адреси во Салцбург: Alter Markt (Brodgasse 13), Mirabellplatz 5, Ritzerbogen (Sigmund Haffner Gasse) и Getreidegasse 47.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top