Веројатно сите барем еднаш сте се прашале зошто авионите имаат тркалезни,а не прозори во облик на квадрат.
Авио инженерингот со текот на годините брзо се развивал и бележел голем напредок, а авионите можеле да превезуваат се поголем број на патници и да патуваат побрзо. Исто така, авионите го менувале изгледот од безбедносни причини, вклучувајќи ги и прозорите.
Авионите се популаризирани во 1950-тите години, а најистакнат помеѓу нив бил патничкиот авион „Хавиланд Комета“, кој имал кабина под притисок која овозможувала лет на поголеми висини и брзини.
Сепак, авионот имал коцкести прозори и во 1953 година два авиони се распаднале во воздух, а во овие несреќи настрадале 56 луѓе. Причина за тоа биле токму прозорите.
Ако постои агол постои и слаба точка. Прозорите со четири агли имаат четири потенцијални слаби точки, што авионот го изложувало на ризик да се урне поради воздушниот притисок. Разликата помеѓу притисокот на авионската кабина и надворешноста на авионот причинувала благо ширење на авионот, а поради тоа настанува напрегање на материјалот од кој авионот е изграден, а тркалезните прозори го спречуваат ова напрегање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








