Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска. Нашите ракометари и покрај добрите игра на поголемиот дел од натпреварите немаат победа, а имаат два нерешени резултати.
Затоа избраниците на селекторот Ивица Обрван се желни да имаат еден комплетен резултатски успех на овој шампионат.
И покрај повредите Обрван се надева дека утре на располагање ќе има подготвени играчи за дуелот со Белорусија.
– Сакаме шампионатот да го завршиме со победа. Белорусија е незгоден противник бидејќи често ја менува одбраната. Ќе треба да бидеме трпеливи и концентрирани сите 60 минути за да стигнеме до триумф, изјави селекторот Обрван на последниот тренинг пред дуелот со Белорусија.
Белорусите најверојатно ќе настапат ослабени, бидејќи неизвесен е настапот на нивниот најдобар играч Сергеј Рутенка, кој се повреди на дуелот со Полска во понеделникот.
Натпреварот Македонија – Белорусија почнува во 16 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст