Терористите на таканаречената Исламска држава почнаа да ги губат своите позиции по воената операција на Русија во Сирија, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиј Чуркин. Истовремено, рускиот амбасадор категорично демантираше наводи на поедини западни дипломати дека во воздушните напади на руската авијација страдале цивили.
Говорејќи за претстојните преговори за Сирија, Чуркин истакнал дека не треба да се пропушти шансата за наоѓање мирно решение за Сирија.
– Недозволиво е да се пропушти таква шанса, рекол Чуркин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.