Странските војници на Исламска држава, наводно, почнале да дезертираат откако раководството на организацијата решило драстично да им ги намали платите, пренесува сириската телевизија „Алсумарија“.
Одлуката на ИД да ги преполови платите толку ги погодила нивните странски борци што некои од нив почнале да ја напуштаат организацијата, наведува сириската телевизија, пренесува Танјуг.
Ова дезертирање потврдува дека џихадистите на ИД, главно, се мотивирани од парични средства а не верска наклонетост, забележува „Алсумарија“.
Сириската опсерваторија за човекови права порано наведе дека меѓу сириските војници на ИД постои незадоволство бидејќи веруваат дека нивните плати се намалени за да бидат зголемени платите на арапските или странските борци. Меѓутоа, според еден документ на ИД, намалувањето на платите се однесува на сите обични војници. Одлуката за намалување на платите наводно ја донела т.н. Министерство за финансии на Исламска држава поради вонредните околности за време на се поголемите оптоварувања поради продолжените борби на повеќе фронтови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.