Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари работна средба со претседателот на новоформираната Партија на Македонците во Србија, Горан Илијевски.
Централна тема на средбата беше актуелната ситуација на малцинските партии во Србија, нивното учество на следните избори во Република Србија како и положбата на Македонците во соседните држави.
Претседателот Заев очекува Македонците во Србија да придонесат за напредок на државата во којашто живеат но и за зајакнување на врските со Република Македонија.
„Очекувам да се зајакнат врските со Македонија и взаемно да се градат односите помеѓу двете земји. Ви посакувам да имате успех во ваша убава мисија за сите нас“ – рече претседателот Заев.
Претседателот на новоформираната Партија на Македонците рече дека само со унапредување на добрососедските односи може да се зајакне улогата на македонците коишто живеат во соседните држави.
„Мораме да ги подобруваме и негуваме односите со нашите соседи. Само со унапредување на меѓусоседските односи можеме да ги јакнеме позициите на македонците во земјите вокоишто живеат“ -рече Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст