Пет илјади државјани на ЕУ се борат во редовите на Исламската држава во Сирија и Ирак. Тоа пред Европскиот парламент во Стразбур го соошти холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, од името на претседателството на Советот на ЕУ.
Повторување на нападите како оние во Париз останува можно, полето на дејствувањеа на терористите се проширува, потенцираше тој.
Кундерс изјави дека за холандското претседателство ќе биде приоритет отстранувањето на пречките за размена на разузнавачки информации во ЕУ.
Од клучно значење е предлогот за усвојување мерки по прашањето за борба против тероризмот, затоа што е тоа итна неопходност. Многу е важна соработката со САД, но првостепен пироритет е одбраната на надворешните граници, посочи Кундерс.
Тој потенцираше дека интернетот е едно од основните срдества за радикалзиацијата, а образованието е клуч во нејзино спречување.
Не треба да се мешаат темите за тероризмот и миграцијата, порача министерот.
Еврокомесарот за миграција и внатрешни работи Димитрис Аврамопулос, изјави дека терористичката закана по ЕУ е висока и е реална.
Борбата против тероризмот е општоевропска задача, а државите во ЕУ треба да имаат повеќе доверба меѓу себе и да споделуваат повеќе информации. Ја имаме заедничката цел да им обезбедиме сигурност на нашите граѓани. Не станува збор за конкурентство – обединети, нашите сили се помоќни, коментира еврокомесарот.
Тој посочи дека минатата година Европа дала 150 жртви на тероризмот што претставува точка на пресвртница.
Оваа година ќе тргнеме по патот на парите на терористите, треба да ги лишиме од достап до средства. Јасно е дека е неопходно да го подбриме обезбедувањето на надворешните граници за да го спасиме Шенген. Да не ги изедначуваме бегалците и терористите, повика Аврамопулос.
Во последните изјави на претставниците на парламентарните групи, Елисавет Воцемберг од Европската народна партија нагалси дека има терористи кои ги минуваат границите заедно со бегалците, но тие се малку.
Биргит Зипел (од групата Социјалисти и демократи) потенцираше дека целта на терористите не се одредени луѓе, туку сеење страв и поткопување на слободата и демократијата.
Ангел Џамбаски (од Европските конзервативци и реформатори) коментира дека ИД одамна била потценувана, како што била потценувана и самоизолацијата на младите во европските гета. Според него, некои земји од ЕУ ги потценуваат државите кои го финансираат тероризмот. Џамбаски посочи дека во таа група земји се Саудиска Арабија, Катар и Турција. Тој повика за воведување на санкции и укинување на трговијата со тие држави.
Петр Јежек (од АЛДЕ) посочи дека ЕУ треба да се фокусира на пресекувањето на финансирањето на тероризмот и на незаконската трговија со горива.
Инеш Зубер (од Европската обединета левица) коментира дека милитаризацијата на меѓународните односи довела до повеќе тероризам. Потребна ни е политика заснована на мирот, изјави таа.
Јан Албрехт (од Зелените) смета дека нема потреба специјалните служби да собираат големи количества секакви информации за луѓе кои немаат никаква врска со тероризмот. Треба брза размена на точни информации. Собирањето на податоци треба да биде поврзано со сомнеж, со докази, додаде тој.
Стивен Улф (од групата Европа на слободата и строгата демократија) посочи дека ЕУ треба да знае кои се нејзините пријатели, а кои и се непријатели. Не е точно дека повеќето од бегалците бегаат од тероризмот, Повеќето се економски емигранти. Отворените граници не ни дозволуваат да дознаеме кој доаѓа и каде оди, додаде тој. Улф ги нарече внатрешен тероризам многубројните случаи на напади врз жени од луѓе со неевропско потекло.
Вики Маер (од Европа на нациите и слободите) повика на затворање на надворешните граници на ЕУ и за враќање на оние кои бараат засолниште онаму од каде што дошле. Западот е под опсада, а се уште тврдите дека терористите не се инспирирани од Куранот, дека не доаѓаат со мигрантските бранови. Се уште јавно верувате во мултикултурализмот – значи не разбирате што се случува. Не се осмелуваме да кажеме дека проблемот е во отворените граници кои терористите слободно ги минуваат. Тие го користат Шенген и нема начин како така да бидеме безбедни. Прашањето не е дали, туку кога ќе се случи следиот терористички напад, смета Маер.
Лампрос Футулис (независен ЕУ пратеник) се осврна на претставниците на институциите на ЕУ со коментарот дека ја загубиле врската со реалноста. Повеќето од мигрантите кои доаѓаат во Европа се терористи, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст