| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Управниот суд потврда за нерегуларностите во Струга

struga lokalni10Управниот суд пресуди во полза на вистината и се надеваме на трет изборен круг на кој ќе се одржат регуларни избори и во кој ќе победи подобриот на регуларен начин, изјави претседателот на струшкиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Перо Петкоски. Според него, одлуката на Управниот суд за прегласување во девет избирачки места во Струга, како што рече, е потврда за бројните нерегуларности во вториот изборен круг.

– Она што сакавме да ѝ го предочиме на јавноста за нерегуларностите на изборниот процес во Струга, конечно излезе на виделина. Задоволни сме од тоа што ќе има прегласување на 21 април, но сметаме дека има уште избирачки места на кои требаше да се прегласува поради нерегуларностите – истакна Петкоски.

В недела, на 21 април, во општина Струга ќе се прегласува на три избирачки места во градот, на исто толку гласачки места во селото Октиси, на две места во Подгорци и на едно избирачко место во Боровец. Овие места опфаќаат околу 7.500 жители.

Од коалицијата „Заедно за Струга“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, велат дека третиот круг на гласање ќе влијае врз конечниот резултат затоа што во претходниот, кандидатот за градоначалник на ДПА Зијадин Села беше во предност пред Владимир Кочоски со околу пет илјади и 500 гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top