| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска ќе донира слепо црево

radmila sekerinska1Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска ќе донира слепо црево за пациент на кој на скопските клиники му било извадено слепото црево поради воспаление.

Шеќеринска на овој несебичен потег се одлучила во рамките на најновите проекти од кампањата за хуманост на СДСМ во која раководните лица на партијата посетуваат куќи кои биле опожарени или поплавени и со траорни лица соопштуваат дека на ваквите лица мора да им се помогне.

Последно, до централата на Бихаќка дошла дојава од вработен во Скопските клиники на кои на еден пациент му било извадено слепо црево поради воспаление. Потпретседателката на СДСМ не се двоумела ни за момент – на човекот мора да му се помогне.

„Сакам да кажам дека одлучив да му донирам слепо црево на пациентот кој синоќа остана без своето. Како што ми кажаа моите извори, вмровските доктори му го извадиле единственото слепо црево кое човекот го имал. Ваквата бруталност на здравствените работници под раководство на Никола Тодоров е нечуена!“ изјави Шекеринска и додаде:

„Поради тоа решив да му го донирам моето слепо црево, за човекот и сите граѓани да знаат дека се што ВМРО им одзело, СДСМ ќе им надокнади“.

Шеќеринска се надева дека пациентот ќе го прифати овој несебичен подарок, но дека доколку тоа се случи, истото се пријавил да го прими дополнителниот заменик министер во Министерството за информатика и админситрација Александар Кирацовски кој изразил сомнеж дека неговото слепо црево не функционира па сакал превентивно да го замени со тоа на Шекеринска.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top