| четврток, 6 декември 2018 |

Почина Борис Поп Ѓорчев, доајенот на македонското новинарство

Доајенот на македонското новинарство Борис Поп Ѓорчев почина денеска по краткотрајно боледување.

Борис Поп Ѓорчев, доајенот на македонското новинарство, е роден во Велес на 22 јули 1933 година. Како професионален новинар е активен од 1953 година во весникот Нова Македонија, кога и станува член на Здружението на новинарите на Македонија. Во неговата богата новинарска кариера има објавено преку 22.000 текстови како уредник и коментатор во Нова Македонија, во внатрешно политичка рубрика, во надворешно политичка рубрика, постојан дописник од Москва (од 1975 до 1979 година).

Одликуван е со орден на трудот со златен венец (1980 година), а добитник е на високата државна награда „11 Октомвриʺ (2003 година),  „Мито Хаџивасилев Јасминʺ (1984 година), „Крсте Мисирковʺ (1989 година ), „13 Ноемвриʺ ( 2008 и 2010 година ), „Гемиџиитеʺ ( 2009 година ); „Св. Климент Охридски ʺ (2006 година) и други.

Погребот ќе биде одржан на 27 јануари 2016 година (среда) на гробиштата Бутел во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top