СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени две кривични дела силување во обид, односно со употреба на сериозна закана и физичка сила се обидел да изврши обљуба врз оштетените, но бил спречен во намерата.
За извршените кривични дела, од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Кривичните дела, пријавениот ги извршил на 17 овој месец околу 17,00 часот на подрачје на општина Центар.
Едното кривично дело го извршил ул.„Кеј 13-ти Ноември“ на пешачката патека, врз оштетена странска државјанка која што во тој период трчала на трим патеката, а вториот обид го извршил на бул. „Крсте Мисирков“, поточно во близина на Адвокатската улица, врз оштетана којашто поминувала по улицата.
А.С. минува во крим евиденциите на МВР и против истиот поднесени се четири чривични пријави за извршени четири кривични дела од областа на имотните деликти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст