| четврток, 6 декември 2018 |

Германската фирма потврди: Оливер Спасовски го измисли криминалот со возачките дозволи

Германската компанија „Веридос“, која е една од најсериозните светски фирми во овој бизнис, потврди дека техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски го измислил криминалот со возачките дозволи.

Порталот „Курир“ наведува дека успеал да добие одговор од германската компанија на прашања поврзани со аферата, во кој се вели дека грешката била веднаш забележана по пристигнувањето на бланко-документите во Скопје, а македонското МВР ја информирало „Веридос“ веднаш по откривањето на грешката.

Директорот за корпоративна комуникација на „Веридос“, Андреа Ниче, вели дека „Г и Д говермент солушн“, сега „Веридос“, го обезбедува македонското Министерство за внатрешни работи со сигурни и врвни документи за идентификација уште од 2007 година, а најнов документ е македонскиот пасош, кој е рангиран меѓу најдобрите пасоши во светот поради физичките и електронските безбедносни карактеристики.

-Моментно „Веридос“ испорачува возачки дозволи до МВР. Поради недоразбирање од наша страна, документи нумерирани од претходните години беа испорачани во декември. Тие беа „бланко“, односно неперсонализирани. Бидејќи „Веридос“ има безбедносен систем инсталирано и кај клиентите, каде што има врвни безбедносни мерки, грешката беше веднаш воочена по пристигнувањето на бланко документите во Скопје – вели Ниче.

andre-nice

Тој нагласува дека следниот чекор, персонализацијата, би била спречена од безбедносните мерки на системот.

-Македонското МВР нè информираше веднаш по откривањето на грешката. Се согласивме тие да ги уништат документите веднаш, а Веридос понуди и помош за тоа. Исто така, Веридос ќе испрати нови, точно нумерирани документи, без трошок за министерството со следната пратка – додава Ниче во одговорот.

Врз основа на поставените прашања и добиениот одговор, јасно е дека од фирмата отфрла било каков криминален мотив при техничката грешка. „Веридос“ ја отфрла можноста за кражба на идентитети и отфрла тези за кординација со некој од МВР, односно дека го сторила тоа по нечија наредба. Со нивниот одговор практично се отфрла и било каква поврзаност со владејачката партија, како што тврдеше Спасовски на самиот почеток од прес-конференцијата. Дополнително, се потврдува уште еднаш дека Спасовски всушност го измислил наводниот криминал со возачките дозволи.

prasanja-kurir

Компанијата „Веридос“ е една од најсериозните светски фирми во овој бизнис. Истата е формирана со фузионирање на две реномирани фирми Гизек и Девринт и Бундесдрукерај. Втората е во сопственост на државата, односно германската Влада, така што и во новоформираната „Веридос“, Германија, практично, поседува 40 проценти од капиталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top