| четврток, 6 декември 2018 |

Австрија со нови мерки за ограничено прифаќање бегалци

бегалци

Австриската Влада, по одлуката за воведување ограничувања за прифаќање азиланти, подготвува нови мерки кои имаат за цел да го спречат неконтролираното пристигнување на бегалци, па утре планира да усвои измени на Законот за азил, со кои овој статус на заштита ќе се ограничи на три години.

Според измените на Законот, по три години ќе се изврши проверка дали постои можност за враќање на азилантот во неговата земја. Тоа ќе биде скапа проверка за Австрија, која на Уставниот суд ќе му донесе дополнителни трошоци од половина милион евра.

Со измените се опфатени пред сѐ лица кои добиваат статус на „субвенционирана заштита“, а тоа се луѓе кои не добиваат азил, но им се овозможува останување во Австрија, затоа што им се заканува насилство во нивната татковина. Оваа одредба пред сѐ се однесува за Авганистанците.

Измените предвидуваат дека тие ќе можат да го донесат своето семејство во Австрија дури по три години и ќе мора да докажат и дека заработуваат по 1.300 евра месечно, што значи дека нема да бидат доволни само приходите остварени со државна помош.

Новиот закон ќе ги обврзе сите бегалци во Австрија и на интегративни мерки, како што е курс по германски јазик и некои други тестирања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top