| четврток, 6 декември 2018 |

Затворен шведски универзитет поради анонимна закана

Универзитетот во градот Оребро, во централна Шведска е затворен денеска поради закана, која е испратена преку анонимна мобилна апликација „џодл“, јави шведската телевизија СВТ.

orebro-univerzitet

 

– Доколку утре дојдете тука, тоа може да заврши лошо – гласела пораката испратена вчера до претставници на службата за безбедност на Универзитетот „Ерик Нилсен“.

Раководството на Универзитетот сериозно ја зело предвид заканата и заедно со полицијата донело одлука да не се одржува настава.

Универзитетот во Оребро е еден од поголемите во Шведска. Во него учат 17 илјади студенти и работат 1.200 професори и соработници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top